Утрински Весник
Македонија

Средба Мисајловски – Пирс: македонско – британската одбранбена соработка на највисоко ниво, Обединетото Кралство останува наш силен сојузник

Sredba misajlovski pirs 3.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски се сретна со новата специјална претставничка на Обединетото Кралство за Западниот Балкан, дама Карен Пирс, на која и се заблагодари за континуираната поддршка од страна на Обединетото Кралство во развојот на капацитетите на македонската Армија.

„Нашите две држави имаат повеќедецениска интензивна одбранбена соработка која, особено по членството во НАТО го достигна сиот свој потенцијал”, рече Мисајловски и додаде дека сета оваа соработка значително ги зајакна врските помеѓу двете Армии и нивните припадници.


Министерот посочи дека одбраната и Армијата остануваат отворени за континуиран развој на соработката во секоја област – одбранбената политика, воената обука и едукација, јазичната обука и советодавната поддршка од Обединетото Кралство, досега реализирана во повеќе наврати.

„Ние ќе продолжиме да бидеме близок партнер и силен сојузник на Северна Македонија во НАТО. Обединетото Кралство останува целосно посветено на зајакнување на стабилноста, безбедноста и економската соработка во регионот”, изјави дама Карен Пирс.

На средбата во Министерството за одбрана присуствуваа и амбасадорот на Обединетото Кралство,  Метју Лосон и одбранбеното аташе, потполковникот Едвард Џон Грин.

Можете да прочитате

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе