Утрински Весник
Балкан

Средба Герапетритис-Фидан на маргините на Самитот на ПСЈИЕ во Скопје

20240614084646 Big 730x400 6.webp.webp

На маргините на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што вчера се одржа во Скопје, средба оствариле министрите за надворешни работи на Грција и Турција Јоргос Герапетритис и Хакан Фидан, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, на средбата што траела околу 20 минути, станало збор за ситуацијата на Блискиот Исток, особено за текот на преговорите по предлогот на САД за примирје во Газа, разговарале и за ситуацијата во Украина во пресрет на Мировната конференција во Швајцарија во текот на викендот, како и за билатералните прашања.

Се фокусирале на соработката на двете страни во миграцијата, а го разгледале и напредокот на билатералниот договор за издавање туристички визи за турски државјани на десет грчки острови.

Герапетритис и Фидан, како што пишува АНА-МПА, се сретнаа во пресрет на НАТО Самитот на 9 и 10 јули во Вашингтон и каде што можна е нова тет-а-тет средба на премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис и претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган.

Можете да прочитате

Ужас во Црна Гора: Една година сексуално злоставувaно малолетно дете

ХРТ: Се е подготвено за воведување задолжителен воен рок

По 9 месеци пауза – Нова рунда од дијалогот Белград – Приштина на високо ниво ќе се одржи во Брисел