Утрински Весник
Економија

Средба Ангеловска-Бежоска – Тодорова: Финансиската едукација и вклученост како начин за подобрување на положбата на жените во економијата и општеството

Sredba Sozhm 2.jpg

Едукацијата на женската популација за социоекономските права, можности и развивање бизнис-идеи, планови, како и финансиските можности за користење на домашните и европските фондови, се значаен чекор кон намалување на родовиот јаз во општеството и економијата. Финансиската едукација и финансиската вклученост на жените се вбројуваат меѓу политиките коишто треба да се спроведуваат во земјава за намалување на нерамноправноста помеѓу жените и мажите на повеќе полиња, заради обезбедување севкупно поголем економски напредок. Ова беше посочено на средбата помеѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и претседателката на Националниот совет за родова рамноправност (СОЖМ), Савка Тодорова. За постигнување побрзи и подобри резултати, клучна е соработката помеѓу институциите и невладиниот сектор.

„Целта на Народната банка е преку финансиската писменост и финансиската вклученост да се зајакнат основните вештини и клучните компетенции кај жените, што ќе им овозможи зголемување на нивните финансиски знаења, доверба и пристап до финансии за ефективно да учествуваат во економските активности. Еден параметар за финансиската вклученост на жените кај нас е колкав дел од жените и мажите располагаат со сметка во финансиска институција, при што податоците покажуваат дека кај нас 80% од жените имаат сметка, наспроти 90% кај мажите, додека во Европа не постои разлика помеѓу машката и женската популација во овој дел. Во домашниот банкарски систем, 62 отсто од вкупната вредност на кредитното портфолио им припаѓаат на мажите, а само 38 отсто на жените. За таа цел, Народната банка започна со остварувањето на проектот, поддржан од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за поддршка на женското претприемаштво и финансиската вклученост на жените претприемачи. Проектот има за цел да обезбеди поддршка за поголем пристап на жените претприемачи до финансии, како и за зголемување на свесноста за значењето на родовата еднаквост при доделувањето кредити”, истакна Ангеловска-Бежоска.

На средбата стана збор за понатамошна соработка заради натамошно зголемување на општата свест за значењето и можностите коишто ги носи поголемата вклученост на жената во економијата.

Можете да прочитате

Прашањето за минималната плата отворено на ЕСС, нема изгледи за зголемување

Нова методологија за пресметка на потрошувачката кошничка најави Дурмиши

Мицкоски на економско социјалниот совет: Дијалог и одговорност – економски раст и реални политики во служба на граѓаните