Утрински Весник
Македонија

Срце од донор почна да чука во градите на 40-годишен скопјанец, нова шанса за живот добиваат уште тројца пациенти

Срце од донор почна да чука во градите на 40-годишен скопјанец, нова шанса за живот добиваат уште тројца пациенти

Првпат во историјата на македонското здравство, утрово од еден дарител беа експлантирани четири органи во еден акт, известува Министерството за здравство.

dobivaj vesti na viber

– Благодарение на хуманоста на едно семејство, нивната љубов, добрина и емпатија која ја носат во себе, рано утрово ново срце почна да чука во градите на 40-годишен пациент од Скопје. Нова шанса за живот и црн дроб доби пациент со хронична црнодробна болест, а двајца пациенти на дијализа во текот на денот ќе добијат бубрези. Дополнитено шанса за поквалитетен живот наредниве денови ќе добијат пациенти со коскени заболувања, соопшти МЗ.

Од Министерството упатуваат благодарност до семејството на донорот кои со нивната несебична одлука донесоа утро полно надеж и верба во безусловна добрина.

Можете да прочитате

„Ѝ реков не се секирај, тука сме сите, има институции“ – потресно сведочење на Мартин Саздов за трагедијата на Ивана и Катја

Автопатот Кичево–Охрид ќе чини 13,5 милиони евра по километар вели Николоски

ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФИЈАТА  „ВРЕМЕ НА ПРЕКРШУВАЊА – ВРЕМЕ НА ГОЛИ ОТОК“