Утрински Весник
Магазин
Img 7972

Србите масовно садат глог, добивката е голема

Img 1396.jpg
Img 7972

Во време кога земјоделците сè повеќе бараат алтернативни и профитабилни култури, глогот се издвојува како растение со сериозен економски потенцијал, особено на домашниот пазар.

Глогот (Crataegus) е листопадна грмушка или ниско дрво кое успева во умерена клима, па затоа добро се прилагодува на условите во Србија,a и Македонија. Освен што е познат по своите лековити својства, особено кога станува збор за здравјето на срцето и крвните садови, ова растение е сè побарувано во фармацевтската и билната индустрија.


Цената на една садница се движи од 200 до 400 динари, а на еден хектар можат да се садат 3.000 до 4.000 садници, во зависност од земјиштето и густината на садење. Првата жетва пристигнува веќе по третата година, додека целосниот потенцијал се достигнува помеѓу 5-тата и 6-тата година. Потоа приносот може да достигне од 3 до 5 тони на хектар, што по сегашните откупни цени (150 до 300 динари на килограм) може да донесе до 1,5 милиони динари приход годишно.

Освен што произведува вредни плодови за чаеви, тинктури, капсули и сирупи, глогот има и дополнителна примена – може да се користи како природна ограда што ги штити посевите, благодарение на своите дебели гранки и трње.

За одгледување се доволни сончево место и пропустлива почва со малку кисела до неутрална реакција. Одржувањето е едноставно – не бара често наводнување, а плодовите се берат на есен, кога добиваат карактеристична црвена боја и слатко-кисел вкус, пишува 24sedam.rs

Поради лесната грижа, зголемената побарувачка и долгорочниот принос, глогот станува една од најперспективните овошни култури за локалните земјоделци.

Можете да прочитате

Денес решете ги финансиските проблеми: Дневен хороскоп (07.10.2025)

Дневен хороскоп за 07 октомври 2025 година

Денес се празнува Светата првомаченичка Текла рамноапостолна