Утрински Весник
Балкан

Србија забрани извоз на нафта и нафтени деривати

Oiltankinsulation1 1.webp.webp

Со цел да се заштити домашниот пазар од недостиг и зголемување на цените, Владата на Република Србија, на својата вонредна седница утрово, донесе одлука за забрана на извоз на нафта и сите нафтени деривати за погон на мотори, јавија српските медиуми.

Одлуката важи до 19 март.  


„Забраната се однесува на извозот на дизел, бензин и сурова нафта со сите видови транспорт до 19 март, по што ќе донесеме дополнителни одлуки. Суштината на оваа забрана е да се заштити домашниот пазар од недостиг и скокови на цените поради глобалните нарушувања на светскиот пазар“, изјави министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ.

Министерот потсетува и дека Србија е земја каде што граѓаните плаќаат нафтени деривати поевтино од нивната реална цена на берзата и дека државата прави сè за да ги заштити граѓаните и економијата.

Поради војната на Блискиот Исток, барел сурова нафта од типот Брент е над 110 долари на европските берзи и 120 долари на азиските берзи. Денес ќе се одржи итен состанок на Г-7 и Меѓународната агенција за енергија.

Можете да прочитате

НАТО најави воена вежба со војската на Србија во мај

Во мај заедничка воена вежба на српската армија и НАТО

Србија продолжува со евакуација на свои граѓани од Блискиот Исток утре и задутре три нови лета