Утрински Весник
Спорт

Србија му даде отказ на селекторот Џерона

Screenshot 2024 01 19 171050

Ракометната федерација на Србија денеска потврди дека го раскина договорот со селекторот Тони Џерона по разочарувачкиот настап репрезентацијата од северниот сосед на Европското првенство. Србија по ремито со Исланд во првото коло имаше реални шанси како второпласирана да продолжи во втората фаза, но во последното коло загуби од Црна Гора. Поразот донесе големо разочаруање, па двете страни спогодбено го раскинаа договорот. Шпанецот ја водеше Србија од мај 2020 година. Како најсериозен кандидат за негов наследник медиумите во Србија го споменуваат поранешниот српски репрезентативец Даниел Анѓелковиќ кој во моментов е тренер на Тулуз.

-По извршниот детален состанок со господинот Џерона, дојдовме до заклучок дека во овој момент најдобро е да дојде до раскинување на соработката во согласност со двете страни. Благодарни сме му за се позитивно што доносе за машкиот српски ракомет за време на својот мандат и му посакуваме многу среќа во иднина. Ракометниот сојуз на Србија ќе ги испочитува сите правни обврски дефинирани во договорот, изјави претседателката на Ракометната федерација на Србија, Милена Делиќ.

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо