Утрински Весник
Спорт

Србија без Ѓоковиќ на Дејвис купот

Србија без Ѓоковиќ на Дејвис купот
Dik 300x250 mk

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ нема да игра за репрезентацијата на Дејвис купот што од 13. до 18. септември ќе се игра во Валенсија.

dobivaj vesti na viber

Ова во изјава за „Спортски Журнал“ го потврди селекторот на Дејвис куп тимот на Србија, Виктор Троицки.

Ѓоковиќ требаше да и помогне на репрезентацијата во борбата за пласман на завршниот турнир, но се откажа од лични причини.
„Беше безброј пати во репрезентацијата, но сега не е во можност. Тоа е негова лична работа. Овој пат беше спречен да игра, но ќе ни се придружи во Малага доколку се пласираме на завршниот турнир“, изјави Ѓоковиќ.

Србија во Валенсија ќе игра против домаќинот Шпанија, Канада и Јужна Кореја, а во тимот ќе бидат Филип Крајиновиќ, Душан Лајовиќ, Ласло Ѓере и Никола Ќаќиќ.

Можете да прочитате

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен