Утрински Весник
Свет

Спроведување на делот за Русија за да се продолжи договорот за жито, бара Москва

Спроведување на делот за Русија за да се продолжи договорот за жито, бара Москва

Неопходно е да се спроведе вториот дел од договорот за жито што се однесува на Русија за Москва да се согласи на продолжување на Црноморската иницијатива за жито, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува „Спутник“.

dobivaj vesti na viber

„За да успее договорот, разговорот меѓу двајцата претседатели нема да помогне. За тој да профункционира, мора да се спроведе вториот дел од договорот во кој се ветувањата што ни се дадени нам. Засега нема информации за можноста за продолжување на договорот за жито,“ вели Песков.

Делегации од Турција, Русија, Украина и ОН одржаа разговори за продолжување на Црноморската иницијатива за жито од 10 до 11 мај во Истанбул.

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Вершинин изјави во четвртокот дека Црноморската иницијатива за жито ќе престане да постои доколку не се постигне договор за нејзино продолжување до 18 мај.

„Западот никогаш нема да признае дека неговите санкции против Русија се грешка,“ истакна Песков.

„Тие [западните земји] нема да кажат така“, додаде Песков на прашањето дали Русија ќе му прости на Западот ако тој ѝ предложи мир и престане да ѝ наметнува санкции, нарекувајќи ги погрешни.

Според Песков, Москва засега нема информации за посредничката мисија на Ватикан во Украина.

„Не, немаме такви информации. Можеби, ќе ги добиеме по извесно време. Ќе го следиме ова внимателно“ посочи тој.

При посетата на Унгарија на крајот од април, папата Франциско рече дека Ватикан е вклучен во тајна мисија за решавање на конфликтот во Украина. Светата столица додаде дека за тоа ќе може да каже дури подоцна, кога мисијата ќе стане јавна.

Претходно денеска, извор од Светата столица изјави за РИА Новости дека се очекува украинскиот претседател Володимир Зеленски да го посети Ватикан и да се сретне со папата Франциско на 13 мај.

Можете да прочитате

Инфлацијата во еврозоната се искачи на 2,3 отсто

Зеленски назначи нов командант на копнената војска

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година