Утрински Весник
Македонија

Спроведени 62 вонредни контроли на новогодишни пакетчиња, кај две најдени производи со изминат рок

7 12.jpg

Минатата недела се спроведени 62 вонредни контроли за безбедноста на новогодишните пакетчиња при што кај две се најдени производи со изминат рок, како и со краток рок на траење, до 12.2024 година, соопшти  Агенција за храна и ветеринарство (АХВ).

Спортед АХВ, констатирани се и органолептички промени на производите во збирните пакувања кои се со уреден рок на траење. 


На операторите кај кои се утврдени неусогласености, наредено им е повлекување на пакетчињата од промет и нивно уништување, за констатираните неправилности се издадени решенија за отстранување на неусогласеностите, а изречени се и соодветни прекршочни пријави.

– Нашите инспектори минатата недела спроведоа вонредни надзори во магацини за пакување новогодишни пакетчиња, маркети и продавници кои вршат промет со новогодишни пакетчиња. Во рамки на спроведените 62 контроли, утврдено е несоодветно означување на пакетчиња кај 4 оператори. Кај 3 вида пакетчиња е констатирано дека на збирното пакување нема наведено рок на траење, односно датум на минимална трајност на производите кои ги содржи новогодишното пакетче, поради што е наредено нивно повлекување од промет, наведува  од Агенција за храна и ветеринарство.

Можете да прочитате

Годишно обраќање на претседателката Сиљановска Давкова во Собранието

Католиците и дел од православните го слават Раѓањето Христово – Божик

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на неколку патни правци