Утрински Весник
Македонија

Спрема ли ВМРО-ДПМНЕ злоупотреби со личните карти пред избори, прашуваат од СДСМ

Pres bogdanka.jpeg

Прес-конферецнија на Богандка Кузеска од СДСМ:

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,


Непосредно пред локалните избори, во време кога рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ вртоглаво паѓа, а довербата во институциите е сериозно нарушена, МВР тајно започнала процес за нов систем за издавање лични карти.

Последните јавно достапни информации говорат дека веќе е ангажира фирма, без било какво искуство во оваа област. Засмилете, досега правела студии за отпад и стадиони.  Сега треба да направи студија за систем со највисок степен на доверливост – издавање на лични карти и пасоши.

Понатаму, во тендерската документација не се бара безбедносен сертификат за лицата што ќе имаат пристап до податоците. Што е крајно сомнително и несоодветно.

Нема гаранција ниту за заштита на доверливи податоци на државата и граѓаните. Зошто?

Сè ова се прави без транспарентност, далеку од очите на јавноста и крајно сомнително.

После сите скандлаозни тендери во МВР, после целиот процес на партизација на оваа институција, селективната правда и заштитата на функцинерите на ВМРО-ДПМНЕ. 

МВРО-ВМРО сака да го централизира целиот систем – од производство до издавање документи – без контрола, без надзор, без јавност, без сертитифакти.  Тоа не е модернизација, тоа е рецепт за злоупотреба.

Се поставува прашањето дали ова значи дека повторно се подготвуваат сценаријата како од времето на Никола Груевски, кога МВРО-ВМРО масовно издаваше незаконски лични карти и спроведуваше незаконско гласање?

Бараме итни одговори од министерот Тошковски.

Зошто се ангажира фирма без релевантно искуство и без безбедносен сертификат?

Кој може да гарантира дека нема да има масовно издавање нови документи непосредно пред изборите и злоупотреби?

СДСМ ќе остане буден чувар на јавниот интерес и на слободната волја на граѓаните. Ќе ги информираме сите релевантни домашни и меѓународни фактори и  ќе се спротивставиме на сите обиди за злоупотреби.

Можете да прочитате

Жерновски до Милошоски: „Џуџето од Кичево заедно со Џамбаски одел на гробот на Тодор Александров и го веел бугарското знаме“

Во моментов силни врнежи од дожд во Гостивар, Тетово и западните делови од Скопје

Арсовска: Внук на градоначалник на Студеничани градел зграда на пет годишна возраст, Ганиу ја легализирал