Утрински Весник
Македонија

Спречен обид за сериозен меѓународен криминал – запленети девет пиштоли, едно лице во притвор

Image 2026 01 16 120820352.png

Спречен e обид за сериозен меѓународен криминал, при што запленети се девет пиштоли од кои пет со голема пробивна моќ, а едно лице, македонски државјанин, е лишено од слобода и се наоѓа во притвор.

Делото е откриено во вторникот вечерта од страна на царински службеници на граничниот премин Богородица, на излез од државата, при детален претрес на возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин при што во кровот, помеѓу лимот и тапацирот, се пронајдени пиштоли од марката „Црвена Застава”.

Случајот е предаден на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, кое го лиши од слобода лицето, и по преземање предистражни дејствија против него е поднесена кривична пријава до ОЈО Гевгелија за сторено кривично дело „неовластено држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи”, казниво согласно Кривичниот законик. По наредба на јавен обвинител, лицето се наоѓа во притвор, а истрагата е во тек.

Можете да прочитате

Левица: Нова милијарда евра кредит за отплаќање на долг наместо за развој

Скопјанец се заканувал дека ќе ги убие сопругата и децата, пронајден автомат и 71 куршум

Почна: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници, велат од СДСМ