Утрински Весник
Македонија

Спречен обид за нелегално изнесување девизи, запленети 27 илјади евра

Спречен обид за нелегално изнесување девизи, запленети 27 илјади евра

Синоќа на излез од државата на граничниот премин Богородица се пријавило патничко моторно возило со српски регистарски таблици, управувано од српски државјанин.

dobivaj vesti na viber

При извршена контрола од страна на царинските службеници во лична ташна на патникот пронајдени се 47 илјади евра за кои не поседувал соодветен документ за потекло.

Согласно Законот за девизно работење, на патникот и неговата сопруга – сопатник во возилото, вратени им се по 10 илјади евра (износ што нерезидент може слободно да го изнесе од државата), а останатите 27 илјади евра привремено се задржани.

Согласно законот за девизно работење и Царинскиот закон поднесено е барање за поведување на прекршочна постапка.

Можете да прочитате

СДСМ:Техничката влада мора да остане, во моментов нема услови за укинување

„Стоп за Усје“ повторно на блокада

СДСМ:Гeроски го спореди претседателот на СДСМ со убиец на деца