Утрински Весник
Свет

Спречен е бомбашки напад на отворен концертот на Лејди Гага на Копакабана на кој присуствувале 2.1 милиони луѓе

Gettyimages 2213281148.jpg

Бразилската полиција соопшти дека спречила бомбашки напад планиран за концертот на Лејди Гага на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро.

MK Summit

На концертот присуствуваа околу 2,1 милиони луѓе, објави „Скај њуз“.


Заговорот бил оркестриран од група која промовирала говор на омраза и радикализација на тинејџерите, вклучувајќи самоповредување и насилна содржина како форма на општествена припадност, соопшти Граѓанската полиција на Рио де Жанеиро, која работела во координација со Министерството за правда на земјата.

„Осомничените регрутирале учесници, вклучувајќи и малолетници, за да извршат координирани напади и било планирано да користат импровизирани експлозиви и молотови коктели“, соопшти полицијата.

Министерството за правда соопшти дека регрутерите се претставиле како обожаватели на Гага, познати како „мали чудовишта“.

Се вели дека операцијата „Лажно чудовиште“ се базира на извештај од лабораторијата за сајбер операции на министерството, по дојава од разузнавачката служба на полицијата на државата Рио, која открила дигитални ќелии кои поттикнуваат насилно однесување кај тинејџерите користејќи кодиран јазик и екстремистичка симболика.

Можете да прочитате

Киднапирани милионери кои се збогатиле со криптовалути – на еден му отсекле прст во Франција

Тему прекинува со испорака на стоки од Кина во САД поради американските царини

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун посети воен погон за производство на модерни тенкови