Утрински Весник
Магазин

Спотифај воведува гледање видеа

O 1911622 1024.jpg

Спотифај започна со тестирање на новата функција. Корисниците на апликацијата Спотифај во некои земји сега, освен што слушаат музика, можат да гледаат и видеа, пренесува порталот Tech Crunch.

Новата услуга моментално е достапна само во бета верзија на 11 избрани пазари и тоа Бразил, Колумбија, Германија, Индонезија, Италија, Кенија, Холандија, Полска, Филипини, Шведска и Велика Британија. Корисниците во споменатите земји мора да имаат и премиум претплата за да можат да гледаат музички видеа.

Овие земји беа избрани врз основа на голем број критериуми како што се големината на пазарот и достапноста на локална поддршка за содржина. Спотифај планира да ја прошири услугата и во други земји, рече Стен Гармарк, потпретседател за глобално корисничко искуство.

Можете да прочитате

Замастен црн дроб: Фактори на опасност и совети

Мбапе не може да вози автомобил обезбеден од Реал Мадрид

Крцкаво пилешко мевце, се приготвува многу лесно, а тајната е во една состојка