Утрински Весник
Спорт

Спортико: Џордан е најплатениот спортист во историјата

20240309121136 Big 730x400 62.webp.webp

Америкаснкиот портал за спорт и бизнис „Sportico“ објави ажурирана ранг листа на најплатените спортисти во историјата.

Првото место му припадна на 6-кратниот НБА шампион Мајкл Џордан, кој заработи 3,75 милијарди долари.

Втор е голферот Тајгер Вудс (2,66 милијарди), трет фудбалерот Кристијано Роналдо (1,92 милијарди).

Спортико ги зема предвид платите, бонусите, паричните награди, како и приходите на спортистите од неспортски активности во текот на нивната кариера и на крајот од неа, земајќи ја предвид инфлацијата.

Во Топ 10 се најдоа уште и: Арнолд Палмер (голф) – 1,76 милијарди, Леброн Џејмс (кошарка) – 1,7 милијарди, Џек Никлаус (голф) – 1,67 милијарди долари, Лионел Меси (фудбал) – 1,67 милијарди, Дејвид Бекам (фудбал) – 1,5 милијарди, Роџер Федерер (тенис) – 1,49 милијарди и Флојд Мејведер (бокс) – 1,48 милијарди. 

Можете да прочитате

Мбапе го купи францускиот второлигаш Каен

Пан го урна светскиот рекорд па „удри“ по колегите од Австралија и САД

Милан го победи Реал, Луверпул славеше над Арсенал