Утрински Весник
Македонија

„SPORT LIFE” во посета на лицата со попреченост и детскиот дом „11 Октомври“ во Скопје

„SPORT LIFE” во посета на лицата со попреченост  и детскиот дом  „11 Октомври“ во Скопје

„Sport Life“ продолжува со своите активности како општествено одговорна компанија. По повод новогодишните и божикните празници беа посетени и донирани новогодишни пакетчиња во ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје, во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа, Куманово и во Здружение регионален центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“, Куманово.

dobivaj vesti na viber

„Посетата на јавните установи во кои се згрижени деца и лица од ранливите категории и донациите за истите, сакаме да прераснат во традиција. Имено, и минатата и оваа година, имавме можност да донираме новогодишни пакетчиња, да ја споделиме празничната атмосфера и да ги пренесеме најубавите желби за Новата година. Се надеваме дека заедно со нашиот тим од Sport Life ќе поттикнеме поголемо внимание и грижа за нив. За нас секоја нивна насмевка е скапоцена.“ – истакнува Петар Поцков, маретинг директор на „Sport Life“.

Секое внимание и поддршка за лицата со посебни потреби како и за децата во згрижувачките центри и домови е од огромна важност за нив. Тие се дел од најранливите групи во општеството и остануваат во фокусот на општествената одговорност на „Sport Life”.

ПР-текст

Можете да прочитате

На армискиот полигон „Криволак“ денеска ќе бидат презентирани противпожарни возила

Денес (6 јули) внимателност поради локална појава на силно невреме кај нас

На ГП „Богородица“ се чека од 30 до 40 минути