Утрински Весник
Спорт

Спогодбено се разделија Веспрем и Петар Ненадиќ

Спогодбено се разделија Веспрем и Петар Ненадиќ

Петар Ненадиќ, најдобриот ракометар во светот во 2019 година, повеќе не е играч на Веспрем. Клубот со кратко соопштение објави дека со искусниот ракометар спогодбено го раскинал договорот.

dobivaj vesti na viber

По пет трофејни години во Унгарија, Петар Ненадиќ доби отказ од Веспрем. Откако не беше во тимот во победата од 32:30 над Порто во Лигата на шампионите, клубот најпрвин објави дека Ненадиќ е суспендиран, а сега е дека тој си заминал од клубот.

„Според вчерашното соопштение, Петар Ненадиќ е суспендиран поради дисциплински прекршоци. Како последица на тоа, клубот спогодбено го раскина договорот со него. Овој играч повеќе не е член на Телеком Веспрем“, се вели во краткото соопштение на унгарскиот тим.

Ненадиќ во 2018 година за 500.000 евра од Фуксе Берлин пристигна во Веспрем.

Можете да прочитате

Триумф на македонските кошаркари во Даблин против Република Ирска

Без победник на дербито во Премиер лигата

Седум лица се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир по завршувањето на фудбалскиот натпревар меѓу ФК Вардар и ФК Шкупи