Утрински Весник
Македонија

СПМ: Институции да постапуваат според закон

Spm.webp.webp

Соопштение на Социјалистичката партија на Македонија:

Еден од мотивите на партиското програмско работење, особено во последните 10 години, се законот, законитоста и владеење на правото. Впрочем во овој тежок период од тогашната одродена власт токму врз Социјалистичката партија на Македонија и нејзините најодговорни лица и пратеници се изврши најжестокиот притисок, политички прогон и планиран кадровски погрон, за што партијата како никоја друга ја понесе својата жртва во целиот мрачен процес, со што само се зацврсти нашата верба во правдата и законот.


Оттаму нашите очекувања од новата демократска власт се во воспоставувањето на владеење на правото и на правната држава, но и во одговорноста во работењето на секој поединец или институција.

Истовремено Социјалистичката партија на Македонија жестоко реагира од нападното партиско етикетирање на актуелни случаи со сериозни обвиненија и тенденциозното објавување фотографии со кои се гази врз човековото достоинсво, а за што од одговорните е потребно издржано објаснување.

Социјалистичката партија на Македонија ги повикува надлежните институции да постапуваат според закон, одговорно и без селективност да ги превземаат сите активности во разоткривањето на било кој случај за кој постојат основани сомненија за сторен криминал или злоупотреба на службената должност. Почитувањето и примената на законот исклучува селективност или пристрасност и обезбедува праведност.

Можете да прочитате

Скопјанка со „ауди“ се движела по пешачката патека во паркот „Жена- Борец“ во Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: Крај на неказнивоста, законот важи за сите а институциите постапуваат за разлика од времето на СДС и ДУИ

Држава во која чесноста не се исплати