Утрински Весник
Македонија

Спировска сведочи: Таткото на Вања пратил порака Вратете го детето, ќе ви дадам пари!

Gr 6825 Copy 1024x683.jpg

Денеска во Основниот кривичен суд во Скопје, во рамките на процесот за двојното убиство на Вања и Панче, сведочеше Маја Спировска, братучетка на мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска. Спировска сведочеше за настаните околу исчезнувањето на Вања и нејзините контакти со таткото на исчезнатото девојче, Александар.

„Јас немав многу контакт со таткото на Вања, тој излегуваше, влегуваше, беше вознемирен… Цело време ѝ велеше на Зорица дека ќе ја најде Вања. Не зборував директно со него на оваа тема, јас повеќе бев со Зорица. Едно време рече ‘на Илон Маск треба да пратам порака, за да ја најде по сателит. Јас не знам како да исконтактирам со Илон Маск’. Јас не сум ја видела пораката која Александар ја испратил во групата на училиште, но ми кажаа дека пишувало: ‘Вратете го детето ќе ви дадам пари’. Потоа јас видов само дека пораките се избришани. Јас го познавам лицето кое ми ја покажа пораката“, изјави Спировска пред судот.

Сведочењето продолжи со деталите околу инцидентите и понатамошните истраги за исчезнувањето и трагичната судбина на Вања.

Можете да прочитате

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути