Утрински Весник
Магазин

Спилберг жали што го сними филмот „Вилици“ и придонесе за намалување на популацијата на ајкулите

Спилберг жали што го сними филмот „Вилици“ и придонесе за намалување на популацијата на ајкулите

Режисерот Стивен Спилберг рече дека „искрено жали“ за оскаровецот „Вилици“, за кој верува дека придонел за десеткување на популацијата на ајкулите.

dobivaj vesti na viber

Тој изјави за радио Би-Би-Си дека се плаши дека ајкулите сè уште му се „лути“ и денес поради „безумниот лов од луди рибари по 1975 година“ кога беше објавен филмот.

Имаше многу критики за филмот, првенствено од активисти за правата на животните, кои рекоа дека тој ја искривува сликата за големите бели ајкули и придонесува за масовен лов во Америка.

Американскиот филмски режисер, кој има 75 години, е познат по многу холивудски хитови, меѓу кои и IT Alien, Schindler’s List, Saving Private Ryan и Jurassic Park.

На прашањето како сега се чувствува за филмот во кој големите бели ајкули се претставени како безмилосни предатори кои ги напаѓаат и јадат луѓето, Спилберг одговори: „Тоа е една од работите што сè уште ме плаши“.

Тој објасни дека тоа не е поради стравот дека некој од нив ќе го изеде, туку поради негативното влијание врз популацијата на ајкулите, за што се уште „искрено жали“.

Филмот „Вилици“ од 1975 година е за голема бела ајкула која нападнала американски приморски град, што влијаеше на порастот на спортскиот риболов низ Америка.

Истражувањето го покажа бројот на големи ајкули убиени долж источниот брег на Северна Америка во годините по објавувањето на многу популарниот филм.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста