Фудбалерите на Рома и Милан одиграа 1:1 во дербито одиграно во 32. коло во Серија А.
93.минути на „Олимпико“, не се случуваше буквално ништо. Исклулок се жолтите картони кои ги делеше судијата Даниеле Орсато и повредите на фудбалерите, по двајца од Рома и Милан пред време го завршија мечот поради повреди.
Откако започна судиското надополнување на времето започна и лудиот финиш на натпреварот. Ејбрахам постигна гол за Рома во 94.минута. Асиситираше Зеки Челик, кој претходно го пресече лошото додавање на Де Кетеларе.
Долго играчите на Рома го славеа голот на Англичанецот, а само што продолжи натпреварот следуваше центаршут на Леао на втората статива. Таму немаше играч на Рома, но беше Салемакерс кој погоди за 1:1.
По ова реми Рома и Милан се изедначени на четвртото место со по 57 бодови, а може да им се приклучи и Интер доколку утре го победи Лацио.