Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Спектакл во Силверстон – Еспаргаро во последниот круг му ја украде победата на Бањаја

Спектакл во Силверстон – Еспаргаро во последниот круг му ја украде победата на Бањаја
Img 7972

Алеиш Еспаргаро славеше сензационална победа на трката за Големата награда на Велика Британија. Возачот на Априлија, трката ја започна од 12. место, во последниот круг го мина Франческо Бањаја и славеше втор пат во кариерата во „кралската класа“.

dobivaj vesti na viber

На патеката во Силверстон,прв пат од почетокот на сезоната не доминираа возачите на Дукати. Барем за момент приматот им го седоа возачите на Априлија. Во топ 5, овој тим имаше тројца возачи.

Алеиш Еспаргао победи, неговиот тимски колега Маверик Вињалес заврши на петтото место, пред него беше Мигел Оливеира кој вози Гасгас Априлија.

Од стартот на трката Бањаја ја презеде лидерската позиција, Еспаргаро во осмиот круг се проби на второто место.

Се до последниот круг голема борба за водеше за позициите два, три, четири и пет. Во последниот круг Еспаргаро реши да рескира, подготви напад и го мина Бањаја.

Најниското скалило на подиумото му припадна на Бред Биндер од КТМ. Трката во топ 10 ја завршија Оливеира, Вињалес, Мартин, Марини, Милер, Зарко.

Можете да прочитате

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер

Миовски: Ние играме како тим и го докажавме тоа

Ѓоковиќ избори четвртфинале на Мастерсот во Шангај