Утрински Весник
Македонија

Специјалната претставничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Карен Пирс на средби со државниот врв

20250514090154 big 730x400 45 e1747209149922.webp.webp

Специјалната претставничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Дама Карен Пирс, денеска ќе ја оствари својата прва официјална посета на Северна Македонија. Како што најавија од британската Амбасада, Карен Пирс ќе се сретне со претседателката Гордана Сиљановска Давкова, со премиерот Христијан Мицкоски, со претседателот на Собранието Африм Гаши и со министерот за одбрана Владо Мисајловски.

– Целта на посетата е да се потврди силната посветеност на Обединетото Кралство на евроатлантската интеграција на Северна Македонија, да се зајакнат економските и трговските врски и непосредно да се соработува во однос на нашите заеднички вредности за промовирање на меѓународниот мир и безбедност во Западен Балкан. Ние ќе продолжиме да бидеме близок партнер и силен сојузник на Северна Македонија во НАТО, се наведува во соопштението.


Дама Карен Пирс, се додава во соопштението, една од најискусните дипломати на Обединетото Кралство, е назначена за специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, во февруари оваа година, откако ја презеде функцијата од главниот воздухопловен маршал Лорд Пич.

Можете да прочитате

Се транспортира предметот „Пулс“ до Основниот Кривичен суд Скопје

Во Светиниколско регистрирани два пожари

Пожарот кој вчера избувна во Грчиште сѐ уште не е ставен под контрола – има четири критични точки