Утрински Весник
Македонија

Специјална Стериина награда за колективна актерска игра за ансамблот на претставата „Народен пратеник“

20250603080606 big 730x400 55.webp.webp

Жири комисијата на 70. Стериино позорје во Нови Сад во состав Вања Ејдус, актер и претседател, Дражен Ференчина, режисер, Федор Шили, драмски писател, Петар Грујичиќ, театролог, и Ѓорѓе Косиќ, драмски писател, на завршната седница, одржана доцна синоќа, донесе одлука Специјалната Стериина награда за колективна актерска игра да ја додели на ансамблот на претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Егон Савин, во продукција на Македонски народен театар, Скопје.

Како што соопшти МНТ, одлуката е донесена едногласно.


-Концептот во кој поединецот на сцената има смисла само во група која комуницира преку заедничка душа и каде сите се поврзани меѓусебно, кој е јасно видлив во оваа претстава, покажа и докажа каде е местото на МНТ во театарот на овие простори и по подолго време го врати МНТ меѓу наградените на овој реномиран театарски фестивал, стои во соопштението на НУ Македонски народен театар. 

Можете да прочитате

„Можеби ќе беше жив“ – татко обвинува за негрижа во болницата во Кавадарци

По 35 години постоње згасна „Макпримат“

Владата ќе организира дебата за Кочани