
Полициски хеликоптер Бел‑412 од Одделот за воздухопловни единици изведе повеќе прецизни налети над пожарот кај с. Нивичино, општина Василево. Со маневри на само неколку метри од патот и објектите, екипажот обезбеди безбеден коридор за доброволците и жителите, овозможувајќи нивна евакуација и повлекување на сигурен терен.

-Полициски хелиокптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше на пожар во Василево, с. Нивичино. Поради разгорување на пожарот и опасност кон викендици и лица што дејствуваат во гаснење на пожарот полицискиот хеликоптер со прецизни налети дејствуваше во близина на патот и објектите кои што беа обиколени со пожар за да се обезбеди безбеден премин и да можат екипите од терен на безбедно да извршат евакуација на загрозените лица и да се повлечат на безбеден терен, се наведува во соопштението на МВР.