Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Заврши времето на двојните стандарди, битката против криминалот не трпи селективност

Спасовски: Заврши времето на двојните стандарди, битката против криминалот не трпи селективност

Во интервјуто за Радио Слободна Европа, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, ги коментираше обвинувањата од опозицијата во врска со наводни повластени криминални структури, категоризирајќи ги како комплетни дезинформации кои никако не соодветствуваат со реалноста.

dobivaj vesti na viber

Наведувајќи дека располага со информации за средби на дел од овие криминални структури токму со највисоките претставници на опозицијата, најверојатно поттикнати дека на тој начин ќе може да се помогне во некој друг аспект, тој порача дека овие активности не смеат да бидат со цел да се даде некаква политичка поддршка на било кој криминалец во државата.

Покрај ова, Спасовски истакна дека најголемиот дел од криминалните групи коишто опозицијата ги посочува во своите дезинформации, веќе се наоѓаат на издржување казна затвор и дека станува збор за достапни и лесно проверливи информации, додека за сите други криминални групи кои се занимаваат со рекет, уцени и други криминални активности, борбата интензивно продолжува.„Не можете во исто време да имате борба против криминалните структури и да заштитувате некого. За тоа сведочат граѓаните, за тоа сведочат и сопствениците на угостителските објекти и оние кои ги посетуваат. Нема никаква селективност, бидејќи битката против криминалот не може да подразбира селективност. Заврши времето на наши и ваши, на заштитени и привилегирани, наспроти сите останати. Заврши времето во кое вие како политичар ќе преговарате за да амнестирате некои свои, кои што имаат криминални активности, визави т.н. „уставобранители“ коишто се во затвор, а за нив нема да гласате во Собранието. Знаете, тие двојни стандарди веќе не поминуваат“, потенцираше министерот Спасовски.Одговарајќи на прашањето до каде е истрагата за неодамнешното убиство на членови на криминални структури во угостителски објект под Кале, министерот Спасовски посочи дека има сериозен напредок во истрагата, со обезбедени добар дел аргументи, факти и докази коишто одат во прилог на целосна разврска на овој случај.„Мотивите се пресметки помеѓу криминални групи или внатре во криминална група и тоа на крај истрагата ќе го покаже и ќе го докаже. И токму тука сме насочени со акцијата ‘Безбеден град’ –  да се оневозможи такви криминални структури да ги загрозуваат мирот, стабилноста и јавниот ред и мир на граѓаните. Затоа ќе бидеме уште пожестоки и поинтензивни, а оваа акција во следниот период ќе ја прошириме и по другите градови, бидејќи не сакаме да оставиме простор такви криминални структури да бидат формирани во било кој град во државата“, беше категоричен Спасовски.

Можете да прочитате

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации 

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри!

Македонска филхармонија го слави јубилејот со концертот „80 години – Љубов!“