Утрински Весник
Македонија

Спасовски за две години ФРОНТЕКС: Веќе две години го чуваме македонскиот јазик во европското законодавство

Spasovski.jpg

Претеникот од редовите на СДСМ, Оливер Спасовски, по повод две години од потпишување на ФРОНТЕКС договорот помеѓу нашата држава и ЕУ, на социјалните мрежи напиша дека две години македонскиот јазик е зачуван во европското законодавство.

„Две години откако го потпишав првиот Договор помеѓу Република Северна Македонија и ЕУ на македонски јазик – ФРОНТЕКС.

Од оваа дистанца, македонскиот народ сега веќе ја препознава искреноста со која настапивме, за европската визија, поддржани од европските народи – Македонци, кои говорат македонски јазик, како темел на македонскиот идентитет – веќе две години зачуван македонскиот јазик во европското законодавство!

Секако, посебна е честа што во мојот мандат како министер за внатрешни работи токму преку ФРОНТЕКС ги имплементиравме највисоките стандарди на интегритет, етичко однесување, професионализам во македонската полиција”, напиша Спасовски, посочувајќи ги резултатите од ФРОНТЕКС.

„Ја зајакнавме безбедноста на границите, македонските и европските, преку континуирана соработка помеѓу македонската полиција и Агенцијата за Европската гранична и крајбрежна стража (ФРОНТЕКС) во Република Северна Македонија.
Брзото распоредување на персонал и опрема на ФРОНТЕКС или странски полициски службеници на критични точки на границите, овозможи ефикасно управување и справување со предизвиците од миграцијата, но и зајакната заштита од потенцијални закани поврзани со сериозниот криминал со прекугранична димензија.

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер