Утрински Весник
Македонија

Спасовски: ВМРО-ДПМНЕ не ги поддржа амандманите за помош за настраданите во Кочани и за справување со пожарите

Oliver spasovski pres 2.jpg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Власта нема слух за основните проблеми на граѓаните, ниту демократски капацитет да ги сослуша забелешките, да ги разгледа внимателно предлозите и врз основа на тоа да донесе одлуки во интерес на граѓаните, истакна координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната прeс-конференција, откако пратениците од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, не ги поддржаа двата амандмани што ги поднесе пратеничката група на СДСМ и коалицијата за поддршка и помош на настраданите и нивните семејства во  пожарот во дискотеката „Плус” во Кочани и за справување со пожарите.


Спасовски истакна дека СДСМ посочи дека се работи за клучни собраниски амандмани за две приоритетни работи во државата и тоа за поддршка и помош на настраданите и нивните семејства и повредените од пожарот во дисктеката „Пулс” во Кочани, со коишто беа предвидени финансиски средства за обештетување на семејствата на починатите,како и за повредените од пожарот.

„Вториот амандман којшто го поднесовме беше за справување со пожарите. Оваа влада покажа крајна некапацитетност во однос на справувањето со пожарите, секојдневно имаме пожари. Сметавме дека нема поголем приоритет од тоа сите заедно таа обезбедиме финансиски средства преку овој ребаланс, којшто пред се ќе значат зголемувањето на бројот на пожарникарите и нивните плати, како и дополнителна опрема”, рече Спасовски.

Тој нагласи дека ова беше можност  сите заедно во Собранието да покажат дека врвните приоритети не познаваат политички или било какви други разлики.

„За жал, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ  и ВЛЕН не ги поддржаа ниту овие два амандмани како врвен приоритет, а имајќи во предвид дека сите други амандмани коишто сметавме дека не може да бидат ваков приоритет како што се амандманот за Кочани за пожарите ги повлековме, токму во функција да понудиме две приоритетни области во коишто сите заедно ќе успееме да се соединиме или да пружиме рака за соработка. Мислам дека денеска во Собранието се пропушти уште една можност да покажеме единство и да покажеме дека проблемите на граѓаните и она што ни се случува сега во државата, да ни бидат заеднички приоритет”, порача координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски.

Можете да прочитате

Николоски: Кон крајот на летото очекувам да пуштиме за сообраќај уште еден дел од автопатот Кичево – Охрид

Професорот Кекеновски до ЕУ поднесе Анекс на Францускиот предлог

Се уште не се знае дали ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ заеднички ќе настапат во Куманово и Центар, Мицкоски вели преговорите се движат во одлична насока