Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Преку законот за рестриктивни мерки за црните листи го почитуваме и вреднуваме стратешкото партнерство со САД и заедничката посветеност во борбата против корупцијата и криминалот

Спасовски

На денешниот панел „Северна Македонија – Безбедна членка на НАТО со европска иднина“ во рамките на конференцијата „Година на европски можности“ министерот за внатрешни работи запрашан за донесување на законот за рестриктивни мерки за имплементација на црните листи во САД и Обединетото кралство во нашето законодавство потенцираше дека преку тие измени се вреднува взаемната посветеност на стратешките партнери во борбата со криминалот и корупцијата.

„Кога зборуваме дека сме стратешки партнер со некого, вие мора да бидете стратешки партнер во се. Не да бидете стратешки партнер кога ќе ви се помогне, кога ќе имате потреба од поддршка за процесите а кога ќе треба да бидеме заедно во процеси кои таа држава ги води ние да се повлекуваме. Нема мој друг од македонското општество да прати посилна порака во преземањето чекори против корупцијата и борбата со криминалот од нас. Мораме да покажеме со јасна политичка волја со донесување на тие законски измени и интервенции во закони дека го почитуваме искрено стратешкото партнерство со САД и взаемната посветеност во борбата со криминалот и корупцијата.“, потенцираше министерот Спасовски.

 

Можете да прочитате

Николоски: Се надевам во новиот бран на оптимизам за проширување дека неколку поголеми и помоќни земји на ЕУ ќе се согласат и ќе извршат притисок врз Бугарија да не нè блокира

Николоски: Кога бевме опозиција отворив толку корупциски случаи, не може ова правосудство да не може да процесуира ништо

Битиќи: Власта ја ограничува мобилноста на граѓаните со високи трошоци за зелен картон