Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Преку соработка на полицијата и приватното обезбедување до унапредена јавна безбедност

Спасовски: Преку соработка на полицијата и приватното обезбедување до унапредена јавна безбедност

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски присуствуваше и се обрати на научно-стручна дебата на тема „Јавната и приватна безбедност – преку координација и соработка до заедничка превенција на безбедносните ризици и закани” во организација на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот Факултет во Скопје, а во присуство на професори и студенти, како и припадници на Секторот за приватно обезбедување.

dobivaj vesti na viber

Во рамки на дебатата е и промоцијата на книгата „Јавната и приватна безбедност – координација и соработка”, која е резултат на истражувачката студија „Јавната и приватна безбедност – координација и соработка”, и содржи резултати од истражувачкиот проект што го поддржа Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување, а го реализираше тим од Филозофскиот факултет во Скопје во состав: проф. д-р Оливер Бакрески, проф. д-р Марјан Ѓуровски и м-р Лета Барџиева Миовска, воедно и автори на книгата, а голема важност има и ангажманот на МВР, односно на м-р Сашо Тасевски, особено при спроведувањето на истражувањето во МВР.

„Јавната безбедност претставува дел од безбедноста, односно оној така да кажам најконкретен облик на безбедноста насочен кон заедница и кон нејзините граѓани притоа во потполност регулирана со позитивното право на државата, така што граѓаните имаат увид и влијание на работата на субјектите на јавната безбедност, а тоа е примарно е полицијата”, истакна министерот Спасовски во своето обраќање при што нагласи дека има простор за кооперативност и унапредување на мотивираната соработка и активности, и кај МВР и кај Комората за приватно обезбедување, но и кај академската заедница од областа на безбедноста.

„МВР препознавајќи ја неспорната потреба од соработка помеѓу полицијата и приватното обезбедување, како дејност која што технички, организационо, стручно, професионално направи драстични позитивни надградби во изминатата деценија, уште во 2018 година тој факт и содржински го реализираше преку потпишувањето на Меморандумот за соработка, за партнерство со Комората на приватното обезбедување а во насока на продлабочување на меѓусебна соработка и координација за заедничко надополнување во организирањето и спроведувањето на превентивни мерки и програми, во интерес на зголемување на безбедносните стандарди и практики”, потенцираше министерот Спасовски.

Министерот Спасовски истакна дека студијата ги нотира општите трендови во доменот на координацијата и соработката помеѓу полицијата и приватната безбедност кои што се однесуваат на зголемување на бројот и опсегот на партнерски активности; динамизирање на размената на информации; поголем степен на обезбедување приватни безбедносни услуги за традиционални функции на спроведување на законот; пораст на искористување на ресурсите и институционализација на партнерствата.

„Практично овој труд јасно сугерира дека услугите на државниот и на приватниот сектор може да се комбинираат со цел да се намали криминалот, а да се зголеми безбедноста. Конечно примерите со состојбите за време на пандемијата од Ковид 19 дополнително ја аргументираа потребата од активен ангажман, соработка и координација на сите безбедносни чинители како имепратив сам по себе, особено во поглед на квалитетен прв одговор, и поставување на силите врз основа на претходни искуства со слични сценарија”, подвлече на крајот министерот Спасовски.

Можете да прочитате

Хеликоптерот на МВР исфрли повеќе од 30 тони вода во реонот на Дојран

Давкова се обрати на годишниот настан на КСЗД „Разговори за еднаквост” на тема „Право на домување на Ромите”

Активни се 11 пожари, од нив само еден е под контрола, информира ЦУК