Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Одиме на двојна изборна победа!

Fb Img 1706567548129.jpg

Вечерва заедно со моите сопартијци го отвораме победничкиот промотивен Штаб на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, напиша вечерва на социјалните мрежи, Оливер Спасовски.

„Во овие 100 дена уште еднаш ќе покажеме дека станува збор за два различни концепта, европскиот Фронт предводен од СДСМ и хоророт од ДПМНЕ.

Нашиот концепт е јасен – членство во Европската Унија, да градиме европско општество, со повеќе пари за граѓаните, поголеми плати и пензии, каде се ценат и унапредуваат социјалната правда, демократијата и човековите права. Во мојот мандат како претседател на Владата го исполнивме сонот на многу генерации, членство во НАТО, во мандатот како министер за внатрешни работи го потпишав ФРОНТЕКС договорот, првиот договор со ЕУ на македонски јазик, со тоа уште еднаш гарантирајќи го македонскиот идентитет и јазик.

Во ДПМНЕ нема никакви промени, го имаат истиот веќе виден концепт на криминал, корупција, национализам, со ДПМНЕ граѓаните немаат иднина!

Со нас државата е стабилна и безбедна, граѓаните имаат извесна европска иднина! Одиме на двојна победа за европска Македонија!“ се наведува во објавата.

Можете да прочитате

Меџити: Утре ЈСП ќе добие шест електрични автобуси

Од ноќеска поскапуваат сите горива – РКЕ со нова одлука

Таравари: Функционери на ДУИ се повикуваат во обвинителствата, наскоро ќе се види кои се тие