Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Од ‘никогаш Северна’ за Мицковски сега Преспанскиот договор е маестрално ремек-дело

Spasovski Scaled.jpeg

Кога пред граѓаните ќе излезете со став дека договорот со Бугарија ќе биде целосно суспендиран, дека ќе направите промена на преговарачката рамка, а Преспанскиот договор не е завршена работа, сега треба да ги видиме предлозите кои ги ветуваше Владата на ДПМНЕ. Но, наместо тоа, слушаме изјава на премиерот Мицковски кој вели дека Преспанскиот договор е маестрално ремек-дело во надворешната политика, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, во поткастот на Ора 24 ТВ.

-После онаа хистерија која ја креваше ДПМНЕ со ‘никогаш Северна’, сега Преспанскиот договор е ремек-дело во политиката. И јас кога ја слушнав изјавата ми беше многу нејасно и помислив дека е погрешно пренесена. Не ми беше верно дека можам да слушнам дека преспанскиот договор, не само што нема да биде променет, не само што нема да биде вратено уставното име, туку дека тоа е ремек-дело на надворешна политика. И тоа значи признание на надворешната политика која се водела тоа време и признание кон луѓето кој ја водеа тогаш, рече Спасовски.

Тој се осврна и на најавата на премерот дека ќе испрати писмо до ЕУ, во кое ќе каже кои се нашите барања како држава и кои се црвени линии, но писмото сè уште никако да го прати. Ако тој има некаков предлог, потенцираше Спасовски, кој ќе ги унапредува нашите позиции како држава, тогаш СДСМ ќе ги поддржи.

-Се сомневам во некаков план или решение од ДПМНЕ. До сега јасно се покажа дека оваа Влада нема ниту план ниту идеја за многу прашања кои беа отворени. Во однос на разговорите за преговарачката рамка, тука јасно се пратени сигнали од ЕУ. Овде нема никакво отстапување, но сепак, можеби државниот врв знаат нешто повеќе од нас и тоа треба да го кажат, доколку имаат некаков план или механизам за решение. Затоа и СДСМ побараа затворена седница каде ќе ги изнесат сите аргументи и факти. Во спротивно, ова е чиста лага и манипулација која се случува, рече Спасовски.

Тој во поткастот потсети и дека, Мицковски, вети пред граѓаните дека постои механизам за подобар договор со Бугарија од тој што имаше СДСМ, па сега конечно ДПМНЕ треба да каже кој се тие подобри решенија за кој зборуваше пред да дојдат на власт.

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор