Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Новогодишен пакет од 100 евра за пензионерите, пензионерска картичка со попусти

Download 9.jpg

Носителот на листата на кандидати за пратеници од ИЕ 2, предводена од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, на средба со граѓани во Куманово се осврна на програмата со мерки за пензионерите.

„Ги сакаме вредностите кои ги поставиле нашите предци и на нас како кумановци не ни личи да ја наведнеме главата од страв, ние сме храбри и го носиме прогресот. И имаме план за европски живот во Македонија, да го продолжиме успехот од овие 7 години, темелен на Планот за живот во Македонија, програмата од 2016 година која ја креиравме заедно со граѓаните”, истакна Спасовски пред кумановци. Притоа, тој се осврна на мерките за пензионери.

„Ние се грижиме за тие што се грижеа за нас, затоа во следните 4 години ќе имаме минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари. Ние го реализиравме системот на раст на пензии два пати во годината. Тоа е таа меѓугенерациска солидарност. Така и ветуваме новогодишен пакет од 100 евра за сите пензионери, како и пензионерска картичка со попусти од 30%, помош и нега во домовите во секоја општина во Македонија”, порача Спасовски.

Можете да прочитате

Силен пожар го обви Скопје во чад и неподнослива миризба во повеќе населби

Полициските хеликоптери исфрлија повеќе од 70 тони вода во околината на Блаце

Експлозии на две буриња со хемикалии: Пожар во и надвор од кругот на фабриката за оружје и муниција во Самоков