Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Нашето патување низ овие 33 години беше патување на јасно изразена волја на граѓаните, на визија, непокор и единство

Iz Ava Spasovski.jpeg

Почитувани граѓани на Северна Македонија, на овој значаен ден – 8 Септември ја празнуваме независноста на Македонија, гордо одбележувајќи ја историската одлука на нашите граѓани пред 33 години да го изберат патот на самоопределување и суверенитет. Денеска го празнуваме тој мудар избор и трајниот слободарски дух на граѓаните во оваа наша сакана држава, која во 1991 година одново го започна своето битисување – мирна, самостојна и независна во срцето на тогаш разбрануваниот Балкан.

Нашето патување низ овие 33 години беше патување на јасно изразена волја на граѓаните, на визија, непокор и единство. Но и на мудроста на големиот државник Киро Глигоров која од мирниот референдум што ја одбележа нашата независност, како светилник опстојува низ современите бури и невремиња. Бидејќи токму неговото лидерство заедно со државотворната социјалдемкоратска визија ги поставија темелите на напредокот во кој уживаме денес.

На 8 Септември 1991 година ја покажавме силата на нашата колективна волја, силата на нашата решителност. Низ овие 33 години се соочивме со предизвици, но секоја пречка само ја зајакна нашата посветеност на заедничките вредности и аспирации за изградба на фер, демократско, просперитетно и инклузивно општество.

Почитувани граѓани, денеска ја славиме не само нашата независност, туку и нашето богато културно наследство, нашите различни заедници и непоколебливата посветеност на мирот и соработката, како основни социјалдемократски вредности.

Упатувам срдечни честитки и благодарност до секој граѓанин на Северна Македонија, бидејќи Вашите придонеси, големи и мали, во различните сегменти од општественото живеење, ја обликуваа нашата држава во она што е денес. Да го почитуваме нашето минато, да ја славиме сегашноста и да се радуваме на иднината исполнета со надеж. Да продолжиме да работиме заедно за да изградиме посветла европска иднина за сите!

Среќен Ден на независноста, напиша на социјалните мрежи пратеникот Оливер Спасовски.

Можете да прочитате

МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира, пред да изнесува невистини во јавност 

Кузмановска: Ракот не погодува само еден – туку целото семејство

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола