Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Национализмот и омразата немаат место во Куманово

Spasovski.jpg

Пратеникот од СДСМ, Оливер Спасовски, остро го осуди националистичкиот говор и навредливите скандирања што се случија за време на спортски натпревар во Куманово.

„Таквото однесување нема место во општество кое се гради врз вредности на соживот, меѓусебна почит и единство,“ истакна Спасовски во својата реакција на социјалните мрежи.


Тој потсети дека Куманово отсекогаш било симбол на различност и соживот, а ваквите појави, особено во чувствителни периоди како пред избори, не само што навредуваат поединци и заедници, туку го поткопуваат мирот и заедничкиот живот.

„Апелирам до сите граѓани да не подлегнуваат на провокации. Вистинската сила е во обединување, не во делби. Навивањето за свој клуб не смее да биде изговор за ширење омраза,“ нагласи Спасовски.

Тој додаде дека ќе продолжи да се залага за општество во кое сите граѓани се еднакви, почитувани и слободни – без разлика на етничката, верската или културната припадност.

„Куманово имало и ќе има соживот. Тоа е нашиот пат. Тоа е нашата сила,“ порача пратеникот.

Можете да прочитате

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово

Почина Душко Чифлиганец по борбата во болница!