Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Без трошка емпатија, ВМРО-ДПМНЕ гласаше против Анкетна комисија за Кочани – ново разочарување за семејствата

Spasovski sdsm.jpeg

Изјава за медиуми, Оливер Спасовски – координатор на ПГ на СДСМ:

За жал пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за формирање на Aнкетната комисиња за трагедијата во Кочани, којашто ја поднесе пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз заедно со пратеничката група на Левица и беше поддржана од европскиот фронт.

СДСМ и колегите од опозицијата направија се што можеше и пратениците коишто ја поддржаа оваа иницијатива, но владеачкото мнозинство не покажа ниту емпатија, ниту разбирање, ниту елементарно чувство за барањата на семејствата, на загинатите во оваа трагедија и на сите коишто се повредени.

Очигледно ова е партиска директива. Затоа што повторно се врати времето во кое што имаме протест и контрапротест, пленум и контрапленум.

Денеска имаме анкетна комисија, предлог против анкетна комисија и се покажа дека партиската директива укажува на тоа дека само тоа што е поднесено од парламентарното мнозинство може да биде вредно, а без притоа да се изедначат секоја иницијатива на овсените претставници и предлагачи.

Ова претставува уште едно понижување, разочарување на семејствата коишто изгубија најмногу и коишто не можат ништо да надоместат со било каква дебата и од било кого.

Родителите и семејствата чекаат барем трошка надеж, барем трошка вистина, барем малку човечност и барем еден знак дека институциите се на нивна страна.

Ова е срам за оваа институција, парламент за законодавна власт којашто треба да биде за сите граѓани и треба да работи за сите граѓани. Денеска пропуштивме една огромна шанса во којашто треба да покажеме единство и солидарност.

СДСМ тоа го покажа при гласањето. За разлика од нас, ВМРО-ДПМНЕ, парламентарното мнозинство покажаа партиски интерес и партиска послушност и сето тоа укажува дека се се прави заради одредени партиски поени.

Но сето ова е факт дека досегашните нашите наши тврдења дека актуелната власт се плаши од вистината за за Кочани се покажа и на дело. Меѓутоа СДСМ, а верувам и колегите од опозицијата ќе продолжат и понатаму да се борат за правдата, да се борат за вистината, да се бориме за сите граѓани коишто се засегнати во овој случај.

Можете да прочитате

СДСМ има совет за Сиљановска: Имате доволно години и искуство да не го слушате вашиот водач Груевски

Николоски од денеска е во работна посета на Брисел

Сиљановска-Давкова: Треба да сториме се за да може да озвозможиме еднаквост во шансите на лицата со попреченост