Утрински Весник
Балкан

Спасени 52 мигранти во близина на грчкиот остров Крит и уапсени тројца криумчари

Migranti.webp.webp

Крајбрежната служба на Грција спасила 52 бегалци и мигранти кои со гумен чамец пловеле во близина на грчкиот остров Крит и побарале помош, јави дописничката на МИА од Атина.

Спасените, 42 мажи и десет малолетни лица, биле пренесени на пристаништето во градот Ираклио на Крит.

Тројца од групата, на возраст од 16, 18 и 20 години биле идентификувани како криумчари и биле уапсени.

Според она што го кажале спасените, како што соопштија од грчката крајбрежна служба, мигрантите тргнале од либиското крајбрежје кон Грција, при што за превоз платиле по околу 2.000 американски долари.

Можете да прочитате

Ердоган предупредува на сериозни последици од нападите меѓу САД и Израел

Додик: Поддршка за Израел и Нетанјаху

Протест во Атина против нападите врз Иран