Утрински Весник
Македонија

Спасен маж кој утрово скокна од Камениот мост во реката Вардар

Спасен маж кој утрово скокна од Камениот мост во реката Вардар

Утрово е спасен човек кој скокнал во реката Вардар од Камениот мост во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Како што соопшти Центарот за управување со кризи, очевидци пријавиле на 112 дека некој човек скокнал во Вардар, по што екипи на МВР и противпожарните единици за спасување жив го извлекле од водите.

„ Утринава во 08:30 часот преку единстевниот број за повикување за итни повици 112 до Центарот за управување со кризи добиена е дојава дека лице скокнало во коритото на реката Вардар од Камениот Мост во центарот на Градот. ЦУК веднаш оствари комуникација и кординација со МВР и БППЗ на Град Скопје кои исто времено реагира соглед на фактот дека телото на лицето беше визуелизирано и во моментот на интервенцијата на ваѓање од речното корито на Реката Вардар, се наоѓаше во пределот на локацијата спротивно од Министерството за надворешни работи. Во 09:00 часот од страна на екипите на БППЗ на Град Скопје лицето е извлечено од реката вардар и истото е предадено на Брзата Помош и истото е пренесено во Клинички Центар“ соопшти ЦУК.

Можете да прочитате

Македонска филхармонија го слави јубилејот со концертот „80 години – Љубов!“

Во Собранието пратенички прашања – 24info.mk

Претседателката Сиљановска Давкова во официјална посета на Црна Гора