Екс тренерот на актуелниот шампион на Италија, Лучијано Спалети би требало да стане нов тренер на „азурите“, пренесува „Газета дело Спорт“. Ниту харизматичниот сопственик на Наполи, Аулерио Де Лаурентис нема да може да го запре овој трансфер.
Откако Роберто Манчини поднесе оставка и (најверојатно) ги спакува куферите за Саудиска Арабија, Италијанската фудбалска федерација не губеше многу време. Се знаеше дека главни фаворити за нов тренер се Антонио Конте и Лучијано Спалети, но прв избор беше екс тренерот на актуелниот шампион во Серија А.
Човекот кој донесе невидена радост во Неапол и по три децении успеа да го врати скудетото во градот под Везув ќе биде следниот италијански селектор.
Има една пречка, а тоа е актуелниот договор на Спалети и Наполи. Сепак, откупната клаузула е нешто повисока од три милиони евра и нема да биде проблем Фудбалскиот сојуз на Италија на тој начин да го земе Спалети.
Претседателот на националниот сојуз Гравина нема намера да се откаже и веќе имал разговори со Спалети.
Пред Наполи, Спалети двапати ги водеше Интер, Рома, Зенит, Удинезе, Анкона, Венеција, Сампдорија и Емполи.