Од утре, четврток ќе почне да функционира нова линија, „111“ (Сарај – Радуша), информираат од ЈСП.
Почетна/крајна постојка во Сарај ќе биде на постојката на последна линија „2“, а во Радуша почетна/крајна постојка ќе биде сред село.
Автобуси на линија „111“ ќе сообраќаат од понеделник до петок, по следниов возен ред :
Сарај : 5.35 ч, 7.05 ч, 11.10 ч, 13.40 ч, 15.20 ч и 19.30,
Радуша: 6.15 ч, 7.55 ч, 12 ч, 14.30 ч, 16.10 ч и 20.20 ч.
„Линијата се воведува по барање на локалното население, а по изготвената анализа на терен која укажа дека барањето е основано, односно исполнети се сите услови за воведување нова линија на посочената релација согласно критериумите од Одлуката за линиски превоз на патници во град Скопје“, велат од оваа институција.
Новата линија, како што додаваат, значително ќе ја подобри поврзаноста на населеното место Радуша со Сарај и жителите на Радуша ќе добијат редовен превоз.
ЈСП Скопје во соработка со Град Скопје, разгледува и други слични барања, со цел јавниот превоз да стане подостапен за сите граѓани, особено оние населени во досега заборавените места, соопштија од ЈСП-Скопје.