Утрински Весник
Скопје

ЈСП со важно соопштение за граѓаните

Jsp.jpg

Од Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје информираат дека по повод државниот празник „8 Септември“ – Ден на независноста, в сабота и во понеделник ќе се работи по неделен возен ред.

За време на трите дена од продолжениот викенд, дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на Транспортен центар, Ѓорче Петров и Зелен пазар.

– Жичницата ќе функционира вообичаено за време на викендот во сабота и недела, со работно време од 10 до 20 часот. Притоа, од 19 до 19:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 19:45 часот е последно возење од врвот надолу. Во понеделник, 9 септември, жичницата нема да биде во функција, се наведува во соопштението на претпријатието.

Можете да прочитате

Изменет режим на сообраќај поради воведување нови светлосни сигнали на крстосница улица „Скупи“ со улица „Љубљанска“

Ѓорѓиевски: Скопје нема да биде заложник на вандали, барам итна реакција од МВР

Меџити во Бурса: Албанците во Турција, мост на соработка за ревитализација на Старата скопска чаршија