Утрински Весник
Македонија

ЈСП Скопје: Линиите 19, 20, 22, 52 и 54 продолжуваат да функционираат непречено

ЈСП Скопје: Линиите 19, 20, 22, 52 и 54 продолжуваат да функционираат непречено
Dik 300x250 mk

Линиите 19, 20, 22, 52 и 54 продолжуваат да функционираат непречено и покрај раскинатиот договор со приватниот превозник „Макекспрес“, кој во изминативе години ги опслужуваше посочените линии.

dobivaj vesti na viber

Возниот ред, трасите и постојките на линиите остануваат исти, единствено наместо возила на приватниот превозник, петте линии ќе ги опслужуваат возила и возачи на ЈСП Скопје, велат од оваа институција.

„Договорот со приватниот превозник ‘Макекспрес’ се раскина поради непочитување на обврските од договорот со кој беа уредени условите за начинот на јавен превоз. ЈСП Скопје и Град Скопје во ниту еден момент нема да дозволат корисниците на јавниот превоз да останат без услугата, независно од сите околности“, се потенцира во нивното соопштение.

Можете да прочитате

(Видео) Не е само почвата – и Вардар е затрупан со ѓубре

ВМРО-ДПМНЕ врши притисоци и уцени, се пожали Филипче

Обвинителство со детали за апсењето на директорот на „Комунална хигиена“