Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

ЈСП попладнево ќе вози, Советот на Скопје изгласа пренамена на средства за да им се исплатат плати

Расправија и тепачка во автобус на ЈСП поради билет
300x250 opst2

Вработените на ЈСП ќе добијат плата. Советот на Скопје изгласа пренамена на 133 милиони денари од буџетот на Градот да се наменат за плати во ЈСП. Советниците и денешната седница ја почнаа со политички престрелки поради кои двапати ги предупреди претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски.

dobivaj vesti na viber

„Ве молам, изгласајте ја одлуката, па подоцна објаснувајте се, втората смена во ЈСП чека на гласањето за да почне да вози“, предупреди Димовски.

Кусо по второто предупредување, Советот ја изгласа одлуката за пренамена на средствата. Вработените во ЈСП платата ќе ја добијат утре.

Можете да прочитате

Жител на Сандево крадел нафта од училиште, фатен е на дело

Зголемени цените на угостителските услуги

Пинтоска од Левица: Стружани да не се плашат ниту од лавовите, ниту од орлите!