Утрински Весник
Спорт

Совршен крај на годината – Арсенал на +7 во однос на Манчестер сити

Совршен крај на годината – Арсенал на +7 во однос на Манчестер сити

Фудбалерите на Арсенал со победа на „Амекс“ стадионот во Брајтон, ставија крај на 2022 година. Арсенал го декласира Брајтон со 4:2. Играчите на Микел Артета во 2023 годна влегуваат како лидери на табелата со големи седум поени предност во однос на актуелните шампиони, Манчестер сити.

dobivaj vesti na viber

Гол-шоуто на „Амкес“ го отвори Букајо Сака по само 64 секунди игра. Англискиот репрезентативец го постигна шестиот гол сезонава во Премиер лигата.

На полувреме „топџиите“ заминаа со предност од два гола. Мартин Одегард го постигна вториот гол во 39.минута.

Арсенал победата ја обезбеди на стартот од второто полувреме, Нкетија во 47.минута ја искористи лошата комуникација во одбраната на Брајтон.

Јапонецот Митома во 65.минута го намали резултатот на 1:3, но само шест минути подоцна Мартинели ја врати предноста на Арсенал од три гола.

Од тој момент Брајтон тргна во целосна офанзива, во 77.минута 18. годишниот Фергусон намали на 2:4, а во 89.минута поради милиметарски офсајд, ВАР го поништи голот на Митома.

Можете да прочитате

Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка

Лазаров: Пред ЕУРО 2026 ќе прифатев ваков исход, но ќе сакав повеќе

(Видео) Со гол во последна секунда Македонија ја победи Романија на ЕП во ракомет