Утрински Весник
Скопје

Современи дизјанери ќе изложуваат уникатни дела на Дизајн маркет во „Јавна соба“

20241108213247 Big 730x400 72.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Уникатно дизајнирани уметнички парчиња од 25 македонски модерни ракотворци ќе бидат изложени денеска и утре на Дизајн маркетот во „Јавна соба“. Посетителите ќе имаат можност да погледнат и купат парчиња рачно изработен накит, маици со оригинални принтови, воздушни билки, керамички и дизајни изработени од дрво, различни аксесоари, облека со автентични детали…

Продуктите, како што се наведува, се оригинални, со потпис од познати македонски ракотворци: Монкдолс, Витрум Студио, Вудис, Ларго, Елена Ристовска, Ваша мала башта, Епокси, Солар Криешнс, Панорамикс, Мамка, Игнеа Козметикс, Цип/Ред, Гаиа, Слога, Зен Зил, Монозеро, Кејт Стардаст, Глигор Кузмановски, Добро ми стои, Блум, Сербез, Стичми везење, Сираледер, Азсу Аксесориз и Софија Огњановска.

Овој настан е во рамки на „Скопје дизајн вик“, кој завршува в недела со забава во Литертура.мк во Дајмонд мол со DJ Дарко Марковски.

„Скопје дизајн вик“ е дел од европската мрежа на манифестации за дизајн во друштво на „Миксер“ од Белград, „What Design Can Do“ од Амстердам, „Барселона дизајн вик“ и Австрија „Дизајн“. Сите платформи во фокус ја ставаат Зелената агенда и еко дизајнот на идните млади дизајнери под мотото „Next Gen Design“.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам и Европската комисија.

Влезот за сите посетители е бесплатен

Можете да прочитате

Герасимовски: Поставени сите уреди за мерење бучава – инспекциските служби вршат контроли на 30 локации во Центар

Орце Ѓорѓиевски: Градот убав повторно блесна

ОЈО Скопје отворило предмет за „Зимзоленд“ – ќе испитува дали има елементи на делото предизвикување општа опасност