Градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски на својот профил објави видео, снимено од позната кафеана во Ѓорче Петров на која е снимен советник од редовите на СДСМ како влегува во партиските простории.
Градоначалникот ова видео го користи како аргумент да го девалвира денешниот протест против новиот Детален урбанистички план кој предвидува изградба на 30ина згради дел од нив високи и над 20 ката.
Советникот во Советот на општина Ѓорче Петров, Сенат Вели, на социјалните мрежи му одговори на Стојкоски и неговата прозивка.
„Kако Советник и на Седница и јавно се залагам против Бетонизација на Ѓорче, со име презиме и лик
Градоначалникот нека им каже на граѓаните што всушност ќе се гради таму, нека не се крие позади лагите за урбано Ѓорче. И нека не бега од соочување со Граѓаните, туку нека дојде вечер и да им објасни“ пишува Вели.
На објавата на Стојкоски коментираше и Горан Симоновски поранешен советник во Општина Ѓорче Петров.
„Не знам каде се гледа проблем со идентитетот? Партијата чив член е Сенад јавно се залага против бетонизација на општината со згради од над 20 спрата. Е сега како се чуствуваат советниците што те гласаат ама протестираа за урбаното дивеење, тоа стварно е дискутабилно“ пишува Симоновски.
Инаку за денеска во 17.30 ќе се одржи втор протест против изградбата на нови висококатници во Ѓорче Петров што според жителите на оваа населба, сериозно ќе влијае на загрозување на квалитетот на живот.