Утрински Весник
Македонија

Советник ја бара Арсовска да дојде на седница: Ова е невиден циркус, џабе седиме овде

Арсовска со реакција до премиерот: Поради континуирано задоцнетите мерки, сите плаќаме поскапа електрична енергија и парно

Десет часа трае седницата на Советот на Град Скопје, каде се разгледуваат програми за работа на јавни установи и претпријатија, основани и менаџирани од градот. Кворум за работа има, но не и кворум за изгласување. Најголем дел од предлозите се отфрлаат, а образложенијата траат и по десетина минути. Советникот Филип Јаневски од партијата Глас за Македонија, дел од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, посочи дека џабе е сè кога предлагачот, градоначалничката Данела Арсовска, не е во салата.

dobivaj vesti na viber

„Во последниве 10 часа седиме овде поради долги образложенија, што е во ред. Градоначалничката на Град Скопје не присуствува на седниците. Не и е гајле дали сопствените програми на кои е предлагач ќе поминат, дали има кворум за работа, не и е гајле за ништо. Седиме овде, секторите даваат долги образложенија, уште малку ‘Војна и мир’ ќе ја прочитаат овде… Џабе е тоа кога градоначалничката не е тука, програмиве не поминуваат. Не се усогласени со ребалансот што го изгласавме вчера. Џабе седиме овде. Голем дел од нас имаме работни обврски, не поминува ништо. Имаме по 20 минути образложенија. За што ги слушаме кога предлагачот не е тука?! Ова овде е невиден циркус! Извинете, мене ми е срам што го кажувам ова!“, кажа Филип Јаневски од партијата Глас за Македонија.

Трајко Славески, претседавач со седницата, даде пауза.

„Давам 10 минути пауза за да дојде градоначалникот во салата и да продолжиме со работа“, кажа тој.

Можете да прочитате

ЦУК: Активни четири пожари на отворен простор, шест локализирани и два под контрола

Влада: Оддаваме почит на сите невини жртви од геноцидот во Сребреница 

Нормализиран сообраќајот за камиони кон „Блаце”, на „Табановце“ се чека околу 30 минути