Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Советниците пак не гласаа за предлогот на Арсовска за набавка на нови автобуси

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!
300x250 opst2

Советниците на Град Скопје повторно го одбија предлогот на градоначалничката Данела Арсовска за набавка на нови автобуси.

dobivaj vesti na viber

„ Сметаме дека е крајно лицемерно советниците кои граѓаните ги плаќаат со 500 евра месечно, да не покажат апсолутно никаква грижа за истите тие граѓани. Скопје има потреба од нови еко-автобуси заради намалување на аерозагадувањето и подобрување на услугите во јавниот транспорт. Сите балкански и европски метрополи континуирано го обновуваат возниот парк, но таму нема ликови на кои медот им е поважен од благосостојбата на граѓаните“ велат од градот Скопје.

Оттаму додаваат дека им дале можност на советниците сами да ги изберат условите за кредитирање на проектот и спецификациите за набавка на автобусите, со цел што побрза реализација на суштински проект од програмата “За Модерно Скопје”.

„ Градот Скопје нема да дозволи група партиски послушници да спречат скопјани да живеат подобро и поквалитетно. Граѓаните се свесни кој работи во нивен интерес, а на кој најважен му е “лидерот”. Со деструктивно работење си штетат само себеси и на скопјани кои ќе го казнат таквото однесување“ порачаа од градот.

Можете да прочитате

Вечерва филмска бркотница низ Скопје заврши кај Идризово, се слушале и пукотници

Филипче: Државата пола ни се исели а тие за загари, орли и врапчиња зборуваат

(ФОТО) Богојески повторно со навредлив коментар, овој пат кон новинарка и инфлуенсерка