Утрински Весник
Македонија

Советници од СДСМ во општина Кавадарци бараат одговори за работењето на Ски центарот „Михајлово“

Kozuf mihajlovo kavadarci skijanje nokjno web kamera kozufcanka izvorska mrezicko konopishte.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Советниците од редовите на СДСМ во Советот на општина Кавадарци на последната седница побараа одговори на прашања поврзани со работа на новоотврениот ски центар „Михајлово“.

За советникот Вуко Мелов симптоматично е тоа што приходите на ски центарот се нешто над 10.000 евра (638.195 денари) што о превод би значело дека за цела сезона се продале нешто повеќе од 1000 влезници, ако се знае дека дневен билет чинел 500 денари.


„Се претставуваше дека голем број на посетители ја посетија ски стазата, по неколку илјади на ден, а вкупниот приход од продадени карти е околу 1.100- 1.200 за целата сезона. Зошто е тоа така? Дали Ски Михајлово изнајмуваше опрема за скијање, или тоа го правеше приватно лице и компанија, и дали има склучен договор со приватно лице за таа работа?“ праша Мелов.

Тој праша и кој стопанисува со бачилото во центарот каде се служат храна и пијалоци.

Советничката Валентина Бањанска пак рече дека целиот финансиски извештај е многу сиромашен, напишан на една и пол страница и во него нема конкретни податоци колку билети се продадени, колкав е приходот од изнајнување на ски опера и сл, додавајќи дека јавноста треба да знае кој стопанисува со објектот бачило во ски центарот „Михајлово“.

Можете да прочитате

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе

Тешко повреден пешак во сообраќајна несреќа кај Брвеница